Вашето тело е направено од атоми, вие што дишете атоми во воздухот, јадете атоми во храната и пиете атоми во водата. Она што го гледате не е ништо друго освен судир на електрони на атомите во вашето око со фотоните. А што е со она што го чувствувате со допирот? Сензациите се едноставно формирани од атоми во вашата кожа кои ги одбиваат атомите на предметите.
Навистина, скоро секој денеска знае дека неговото тело, универзумот, светот, накратко сè, е составено од атоми. Сепак, можеби, повеќето луѓе досега никогаш не помислиле за тоа каков систем има единката што ја нарекуваме атом. Или, дури и ако помислиле, тие не ја почувствувале потребата да го истражат тоа, бидејќи тие секогаш мислат дека ова ги засега само физичарите.
Човекот, сепак, живее испреплетен во рамките на овој совршен систем низ неговиот живот. Ова е таков систем што секој од овие трилиони атоми кои ја формираат фотелјата на која ние седиме, има ред за кој може да се напише цела книга. Потребни се страници за да се раскаже формацијата, системот и моќта на еден атом.